Битола и Кавадарци ќе бидат домаќини на баражите за Првата лига
Фудбалерите на Брера Струмица и Скопје ќе се соочат на стадионот во Битола, а струмичани ќе се борат за опстанок во Првата лига, додека Скопје се надева на место меѓу најдобрите.
Пелистер и Шкендија Арачиново ќе се пресметаат во битката за опстанок на стадионот во Кавадарци.
Натпреварите се закажани за 31 мај од 16.30 часот.