Шкендија има близнаци на Косово - и Феризај одби да ги земе медалите од Купот! (ВИДЕО)

Дукаѓини го совлада Феризај со 2-1 во финалето од Купот на Косово, меч што го обележаа низа инциденти, како и вчерашниот меч Силекс и Шкендија во македонскиот Куп.

Фудбалерите и стручниот штаб на Феризај имаа многу забелешки на судиите, па во еден момент и го напуштија теренот, во знак на револт. Претходно имаше и кошкања меѓу фѕдбалерите, па арбитрите едвај го доведоа натпреварот кон крајот.

Кулминација на она што се случуваше на теренот се случи по завршувањето на натпреварот. Како и фудбалерите на Шкендија вчера, играчите на Феризај одбија да ги примат сребрените медали и само заминаа во соблекувална, откако претходно имаа комуникација со своите навивачи.