Флорентино изгледа ќе има конкурент за претседателската функција

Енрике Рикелме го информираше Изборниот одбор на фудбалскиот клуб Реал Мадрид за својата намера да се кандидира за претседател на клубот.

Како што објави Марка, тој го сторил тоа по писмено пат денеска попладне, а станува збор за прелиминарно известување за намера, како што е пропишано со прописите на Изборниот одбор на Реал Мадрид. Рикелме сега има 48 часа да ја формализира својата кандидатура и да ја поднесе најдоцна во сабота, 24 мај. Доколку, како што се очекува, нема пречки во формирањето на менаџерскиот тим на Рикелме, изборите ќе се одржат околу 7 јуни.

Така, Рикелме го направи својот прв чекор за да стане ривал на Флорентино Перез, кој не се соочил со конкуренција на изборите од 2004 година, кога победи со огромно мнозинство против Лоренцо Санс и Артуро Балдасано.

За да го постигне ова, бизнисменот од Аликанте (37 години) добил претходна гаранција од околу 190 милиони евра што му ги отвора вратите да стане кандидат за претседател (факт што ќе биде потврден во сабота). Флорентино Перез е на претседателската функција во Реал од 2009 година.