Гилџес Александер се разбуди и ја водеше Оклахома до израмнување (ВИДЕО)
Шеј Гилџес-Александер, најкорисниот играч во регуларниот дел од сезоната, одговори по послабиот почеток на серијата и мечот го заврши со 30 поени. Алекс Карузо од клупата додаде 17 поени, Чет Холмгрен постигна 13, а Џаред Мекејн и Кејсон Волас по 12 поени.
Оклахома го скрши отпорот на противникот благодарение на одличниот придонес од резервистите и големиот број грешки на Спарс. Тандерси имаа предност од 57-25 во поени од клупата, како и 27-10 во поени по загубени топки на Сан Антонио.
Кај Сан Антонио, Стефон Касл постигна 25 поени, Девин Васел додаде 22, додека Виктор Вембанјама мечот го заврши со 21 поен, 17 скока, шест асистенции и четири блокади.
Спарс во финишот се доближија на 99-97 по тројката на Харисон Барнс, но потоа следуваше серија на Оклахома од 11-0, со која домаќините повторно ја презедоа контролата и го завршија натпреварот во своја корист.
Фото: Oklahoma City Thunder