Силекс и Шкендија во борба за нов пехар во Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс и Шкендија вечерва од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ ќе се судрат во финалето на Купот на Македонија.

Силекс ќе се обиде да го искористи отсуството на двајца важни фудбалери во редовите на Шкендија и да дојде до пехар во Купот, но и да избори пласман во европските натпреварувања.

Тетовци вечерва не можат да сметаат на најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој е повреден, како и на суспендираниот Роналдо Вебстер.

Шкендија оваа сезона беше поуспешна во меѓусебните дуели против Силекс, односно славеше на две од три средби (2-0 и 2-1), додека еден од натпреварите заврши нерешено (1-1).

Силекс во историјата освои три титули во Купот, и тоа во 1994, 1997 и 2021 година, додека Шкендија се радуваше во 2016 и 2018 година.,

Натпреварот се игра вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20 часот.