Уште еден шок: Алкараз го пропушта и Вимблдон!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го шокира светскиот тенис откако денеска објави дека нема да учествува ни на Вимблдон поради повреда на раката.

Тој имаше одличен почеток на сезоната, освојувајќи го Австралија Опен, но потоа неговите резултати почнаа да се влошуваат и тој се здоби со повреда на зглобот. Минатиот месец објави дека нема да учествува на „Ролан Гарос“, а сега соопшти дека нема да игра ни на Вимблдон, турнир кој го освои двапати во кариерата и на кој играше во финалето минатата година.

„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сè уште не сум подготвен да се натпреварувам, поради што морам да се откажам од турнирот на трева во Квинс и Вимблдон. Ова се два турнири кои се навистина посебни за мене и многу ќе ми недостигаат. Ќе продолжиме да работиме за да се вратиме што е можно поскоро!“, напиша Шпанецот на социјалните мрежи.

Ова значи дека Алкараз ќе загуби и многу бодови пред крајот на пролетта и почетокот на летото. Неиграњето на „Ролан Гарос“ ќе го „чини“ 2.000, а на Вимблдон уште 1.300 бода, плус 500 од квинс каде лани триумфираше. Најрано би можел да се врати на Мастерсот во Монтреал кој почнува пред крајот на јули.