Левандовски: Се збогувам од вас, но секогаш ќе ве носам во моето срце! (ВИДЕО)

Роберт Левандовски синоќа го одигра последниот натпревар на Камп Ноу како играч на Барселона, полскиот напаѓач ќе замине од клубот по крајот на сезоната.

Договорот на Левандовски со Барселона истекува и тој си оди како слободен играч. Вчера го одигра последниот натпревар пред своите навивачи, а потоа со многу емоции се збогуваше од нив и сите во клубот.

„Ви благодарам многу што дојдовте, ова е многу емотивен и тежок ден. Кога пристигнав, знаев дека клубот е голем, но со вашата љубов стана неверојатен. Од првиот ден се чувствував како дома во Барселона и на овој стадион“, рече Левандовски.

„Им благодарам на моите соиграчи, тренери и сите вработени во клубот. Беше чест да играм за овој клуб, доживеавме одлични моменти во овие четири години и многу сум горд на сè што постигнавме заедно. Денес се збогувам, но секогаш ќе ве носам во моето срце. Некогаш Барселониста, секогаш Барселониста. Ви благодарам многу, да живее Барса и да живее Каталонија!“, рече полскиот напаѓач.