Официјално: Чаби Алонсо е новиот менаџер на Челси
Шпанскиот стручњак се сели на Стемфорд Бриџ по точно половина година без ангажман откако во јануари доби отказ од Реал Мадрид. Челси ќе биде трет клуб во неговата кариера како прв тренер бидејќи претходно го водеше Баер Леверкузен со кого освои титула во Бундеслигата.
„Фудбалскиот клуб Челси има чест да го објави назначувањето на Чаби Алонсо за нов менаџер. Шпанецот ќе почне со работа на 1 јули 2026 година, а потпиша четиригодишен договор. Добредојде во клубот, Чаби“, напиша Челси.
Како што сега стојат работите, Чаби Алонсо нема да го води клубот во Лигата на шампионите, а прашање е и дали Челси ќе се пласира во европските купови бидејќи на две кола пред крајот на Премиер лигата се наоѓа на деветтото место на табелата. Вчера тимот загуби од Манчестер Сити во финалето на ФА Купот и пропушти голема можност пласман на меѓународна сцена.