Неверојатен пресврт на Рома - со гол во 101. минута ја победи Парма (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома триумфираа со 3-2 на гостувањето кај Парма во 36. коло од италијанската Серија А.

Дониел Мален во 22. минута донесе предност за Римјаните, а Парма на почетокот на вториот дел израмни на 1-1.

Вистински шок за гостите пристигна во 87. минута кога Кеита погоди за целосен пресврт на Парма (2-1), но потоа Рома постигна дури два гола во судиското надополнување, и тоа преку Ренш во 94. и Мален во 101. минута.

Рома со оваа победа се врати во игра за пласман во топ-4 во Серија А, но и место во Лигата на шампиони (ЛШ) идната сезона.

Фото: Facebook/AS Roma