Чудесниот Вембанјама со дабл-дабл ги водеше Спарс до втора победа (ВИДЕО)

Феноменалниот Вембанјама во третиот натпревар од серијата го предводеше Сан Антонио до победа над Минесота од 115-108 со што сега Спарс водат со 2-1.

Французинот натпреварот го заврши со дабл-дабл од 39 поени и 15 скокови и беше убедливо најдобар поединец на теренот, а го следеше Фокс со 17 поени, пет асистенции и три скокови, додека Касл и Васел постигнаа по 13 поени. 

Кај Минесота најдобар беше Едвардс со 32 поени, 14 скокови и шест асистенции, се истакна и Рид со 18 поени, девет скокови и пет асистенции. 

Во вториот натпреар во вечерта Њујорк славеше и на гостувањето кај Филаделфија со 108-94 и така поведе со 3-0 со што дојде на една победа од пласман во следната рунда.

Брансон го предводеше Њујорк со 33 поени, девет асистенции и пет скокови, додека кај Филаделфија најдобар беше Убри со 22 поени и осум скокови.