Возило на Брза помош заглави на терен, па мораше да го туркаат фудбалери (ФОТО)

За време на натпреварот меѓу Волунтари и Бихор во Романија се случи необична сцена кога возило на Брза помош заглави на тревникот.

По сериозната повреда на Александру Гите веднаш реагираше Брзата помош, но дождот направи проблеми, па мораше фудбалерите да го туркаат возилото за да излезе од теренот.