Интересот на Реал Мадрид за Мурињо ја активира Бенфика

Раководството на Бенфика одлучи да преземе мерки како одговор на гласините што го поврзуваат тренерот Жозе Мурињо со можно враќање во Реал Мадрид.

Според информациите од „Ас“, клубот од Лисабон закажал состанок со својот тренер за почетокот на следната недела, на кој ќе се разговара за обновување на неговиот договор. Се очекува тој да не одговори веднаш, туку ќе побара време за размислување. Сепак, овој потег на Бенфика ќе го принуди Реал да донесе брза одлука дали навистина има намера да го привлече португалскиот тренер. За самиот Мурињо, останувањето во Бенфика отсекогаш било приоритет, но повик од Мадрид би променил сè.

Мурињо ја презеде Бенфика во текот на оваа сезона. Тој беше избор на Руи Коста, кој му помогна да победи на претседателските избори. Коста потпиша договор со Мурињо за две сезони (вклучувајќи ја и следната), но во него беше вклучена клаузула што му дозволува на тренерот да замине за мала отштета, до десет дена по последниот натпревар во сезоната, односно до крајот на мај. Според „Ас“, оваа клаузула вреди три милиони евра – сумата што би ја чинело Реал Мадрид да го врати Мурињо на Бернабеу.

Ситуацијата, секако, се менува ако Мурињо го обнови договорот со „орлите“. Во тој случај, клаузулата од три милиони евра ќе престане да постои, а отштетата за отказ ќе биде значително поголема. Доколку Португалецот повторно потпише, не е логично да заврши во Мадрид. Како што објавуваат медиумите, Мурињо му е понуден на Реал, но ова се случило неофицијално за време на неодамнешните разговори меѓу неговиот агент Жорже Мендес и Флорентино Перез. Во овој контекст доаѓа и потегот на Бенфика, која ќе му понуди нов договор на почетокот на следната недела.

фото: SL Benfica