Арбелоа нема да си оди, а Мурињо ќе биде нов тренер на Реал!?
Жозе Мурињо би бил главен тренер, а Алваро Арбелоа негов помошник.
Арбелоа одамна има кажано дека е голем фан на Жозе Мурињо, дека е „Мурињиста“ и постојано го следи португалскиот стратег, тој е неговиот идол.
И Жозе Мурињо има голема почит за Арбелоа која ја искажа неколкупати на прес-конференциите за време на натпреварите меѓу Бенфика и Реал Мадрид, а ги имаше три оваа сезона во Лигата на шампионите.
Се верува дека Арбелоа на друг тренер не би прифатил да му биде помошник, но со задоволство би бил дел од стручниот штаб на Мурињо.
Еден ваков тандем се чини дека може да биде идеално решение бидејќи Арбелоа има добар однос со фудбалерите на Реал Мадрид, а Мурињо ќе внесе шампионски менталитет и тактика која е неопходна за освојување на титули.