Шок за Јокиќ и Денвер - елиминација уште во првото плејоф коло! (ВИДЕО)

Иако со предност на домашен терен ја почнаа серијата против Минесота, Денвер доживеа елиминација во првото коло од НБА плејофот откако ноќеска и по четврти пат беше поразен, овојпат со 98-110.

Поразот на домашен терен во второто коло од серијата на крајот се покажа како клучен за испаѓањето на Денвер.

Јокиќ и соиграчите потоа се обидуваа да го надополнат загубеното, но не успеаа да ја победат Минесота на нејзин терен. Немоќни беа и во последниот дуел.

МекДениелс беше ѕвездата на Минесота на натпреварот, тој постигна 32 поени, а имаше и 10 скокови. Шенон реализираше 24. Кај Денвер најдобар беше Јокиќ, му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, мечот го заврши со 28 поени, 10 асистенции и девет скока, Џонсон постигна 27 поени.

Ноќеска место во второто коло од плејофот обезбеди и Њујорк кој со 140-89 ја понижи Аталанта на нејзин терен и со 4-2 ја затвори серијата.

Мајсторка ќе се игра меѓу Филадлефија и Бостон откако Селтикс загубија по третпат. Момците од Филаделфија го добија мечот со 106-93.

Резултати:

Атланта - Њујорк 89-140 (2-4)
Филаделфија - Бостон 106-93 (3-3)
Минесота - Денвер 110-98 (4-2)