Ангеловски му се врати на фудбалот, повторно ќе биде селектор!
Имено, сега Ангеловски е назначен за нов предводен на репрезентацијата на Таџикистан со која ќе се подготвува за завршниот турнир на Азискиот куп кој е на програмата во 2027 година во Саудиска Арабија.
По заминувањето од клупата на Македонија, Ангеловски ги водеше екипите на Горциа, Каспиј и Етникос Ахна, а сега враќа на селекторската работа. Пред да биде назначен за селектор на Македонија, Ангеловски тренерската кариера ја почна во Работнички со кој освои титула во сезоната 2013/2014 и триумфираше во купот во истата сезона и една година подоцна.