Ужасна вест: Алкараз го пропушта „Ролан Гарос“ - може да го нема и цела година!?
Шпанецот поради повреда на зглобот на раката веќе ги прескокна турнирите во Барселона и Мадрид со кои почна сезоната на земјени терени, а неговото учество во Рим е речиси отпишано. Иако сè уште нема официјална дијагноза, специјалистот за повреди на шака, Марк Жувенспан, предупредува дека сценаријата не се воопшто наивни. Постојат сомнежи за воспаление на тетива или оштетување на лигамент – повреди кои се исклучително незгодни за тенисери.
„Со зглобот нема гаранции. Може да се среди со терапија, но може и да трае многу подолго од очекуваното“, објаснува докторот.
Најголем проблем е непредвидливоста на закрепнувањето – болката може да се намали, но непријатноста да остане со недели, па и месеци. Прогнозата не е оптимистичка: опоравувањето може да трае три недели, но и до шест месеци или повеќе.
ФОТО: EPA PHOTO