Барселона ја елиминира Црвена Звезда од Евролигата
Барселона ја доби првата четвртина со 29-21, по што продолжи да доминира на теренот и на полувреме стигна до 47-33.
Ц. Звезда не успеа да ги надигра ривалите ниту во вториот дел затоа што Барселона држеше сè во свои раце, па на крајот славеше со 80-72.
Клејбрн и Пантер постигнаа по 22 поени за Барселона, додека Милер-Мекинтаер постигна 19 поени за српската екипа.
Фото: Facebook/FC Barcelona Basket