Хорор-повреда на Екитике: Го чека долга пауза, ќе го пропушти и Мундијалот!

Катастрофални вести пристигнуваат за Ливерпул откако францускиот репрезентативец Уго Екитике се повреди на дуелот против ПСЖ и го чека пауза до девет месеци.

Францускиот напаѓач се повреди во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а деталните прегледи ја потврдија најлошата вест.

Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога, а тоа е една од најтешките повреди за фудбалерите.

Талентираниот фудбалер ќе го пропушти Светското првенство (СП) ова лето, а негово враќање на терените се очекува на почетокот на 2027 година.