Миовски: Головите ми ја зголемуваат самодовербата!

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски, денеска постигна два гола во победата на Ренџерс од 6-3 на гостувањето кај Фалкирк.

Македонецот од клупата го почна мечот, во игра влезе на полувремето кога неговиот тим губеше со 1-2, па беше инспиратор за пресвртот и победата.

„Како напаѓач секогаш сакате да му помогнете на тимот, па секогаш сум подготвен и денеска му помогнав на тимот со два гола, па среќен сум. Се чувствувам добро, постигнав три гола на два меча и тоа ми носи поголема самодоверба“, рече Миовски по мечот.

И покрај тоа што има ограничена минутажа, Миовски досега постигна седум гола оваа сезона во најдобрата шкотска лига.