Катастрофа на „Сан Сиро“: Удинезе го посрамоти Милан (ВИДЕО)

Милан доживеа тежок пораз против Удинезе (0-3) на „Сан Сиро“ во 32. коло од италијанската Серија А.

Бартезаги си постигна автогол во 27. минута од натпреварот, а само 10 минути подоцна Екеленкамп го зголеми водството на Удинезе на 2-0.

„Росонерите“ во вториот дел тргнаа кон голот на Удинезе во обид да ја намалат негативата, но набрзо пристигна нов шок кога Ата во 71. минута погоди за 3-0.

Милан остана на третата позиција со 63 бодови, додека Удинезе е на 10. позиција со 43 поени.

Фото: Udinese Calcio 1896/Facebook