Официјално: Македонија ќе ѝ гостува на БиХ на 29 мај на „Кошево“

Македонската фудбалска репрезентација ќе ѝ гостува на Босна и Херцеговина на 29 мај на стадионот „Кошево“ во Сараево.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го потврди датумот за одигрување на пријателскиот натпревар, а точниот термин дополнително ќе биде одреден.

Босанските медиуми претходно објавија дека се очекува исполнет стадион до последното место, односно околу 30.000 навивачи на трибините на „Кошево“.

БиХ претходно обезбеди пласман на Мундијалот, па средбата со Македонија треба да им биде подготовка за турнирот.