Официјален крај на една ера: Манчестер сити летово ќе остане без својот капитен!
Португалскиот репрезентативец уште во септември најави дека донел одлука за својата иднина, а сега е јасно дека следува разделба по речиси една деценија мината на „Етихад“. Во меѓувреме, Силва се изгради во вистински лидер – минатото лето ја доби капитенската лента по заминувањата на Кајл Вокер и Кевин Де Брујне. Со повеќе од 450 настапи од трансферот од Монако во 2017 година, Силва остави длабока трага во клубот, освојувајќи дури 19 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиер лигата и историската титула во Лигата на шампионите во 2023.
„Никогаш не можете да замените играч како Бернардо – таков едноставно не постои. Начинот на кој го контролира натпреварот, како се движи, како размислува... тој е уникатен“, изјави Лијндерс
Холандскиот стратег додаде дека клубот нема да бара директна замена, туку ќе се обиде да ја надополни празнината со комбинација од нови засилувања и млади играчи од академијата.
„Ќе биде тешко. Кога не игра, веднаш се чувствува неговото отсуство – замислете како ќе изгледа цела сезона без него“, искрено призна Лијндерс.
До крајот на сезоната му преостануваат уште неколку натпревари за да се прости од навивачите, а во Манчестер се надеваат дека еден од нивните најголеми миленици ќе добие испраќање какво што заслужува.
ФОТО: EPA PHOTO