Челси го суспендира капитенот зашто му се понуди на Реал Мадрид!

Светскиот клупски шампион Челси реагираше експресно по изјавите на капитенот Енцо Фернандез со кои индиректно му се „понуди“ на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Аргентинецот во интервју кажа дека сака кариерата што е можно побрзо да ја продолжи во Реал Мадрид, кој неодамна покажа интерес за неговиот потпис.

Тренерот на „сините“, Лиам Росениор на прес-конференцијата пред следниот натпревар го објасни потегот на клубот.

„Разговарав со Енцо и тој ќе биде надвор од тимот во следните две недели. Не можам да кажам ништо лошо за него, но премина одредени граници и мораше да го санкционираме“, кажа Росениор.

Фернандез пристигна на „Стемфорд бриџ“ во 2023 година од редовите на Бенфика.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club