Стравичен судир на возач на Хас – едвај го извлекоа од болидот со видливи повреди (ВИДЕО)
Берман, кој одлично ја отвори сезоната, во 22. круг излета со огромна брзина и силно удри во заштитниот ѕид, во сцена која изгледаше навистина застрашувачки. Она што следеше беше уште пошокантно – при ударот неговото тело било изложено на сила од дури 50Г, што значи оптоварување 50 пати поголемо од нормалната гравитација. Со други зборови, во тој момент, секој дел од неговото тело „тежел“ 50 пати повеќе од вообичаено.
За среќа, по деталните прегледи, утврдено е дека нема скршеници, туку само контузија на коленото. Од тимот на Хас Ф1 тим потврдија дека младиот Британец поминал без потешки последици. Инцидентот уште еднаш покажа колку се сурови условите во Формула 1, но и колку напредувале безбедносните системи – кои во вакви ситуации буквално спасуваат животи.
Во моментот на несреќата Берман бил на полн гас, додека Франко Колапинто забавувал за да собере енергија, што дополнително ја направило ситуацијата опасна.