Историска вечер во НБА: Леброн урна „невозможен“ рекорд, Дурент го прескокна Џордан!
Со настапот на овој меч, ѕвездата на ЛА Лејкерс стигна до 1.612 одигран натпревар и го надмина рекордот на легендарниот Роберт Периш, кој речиси три децении беше сопственик на врвот со 1.611 настапи. На историската вечер, Џејмс придонесе со 12 поени, шест скока, четири асистенции и три украдени топки. Леброн веќе поседува голем број рекорди во НБА, а меѓу ретките кои сè уште не се во негова сопственост е оној за најмногу победи во кариерата. На врвот на таа листа и натаму е Карим-Абдул Џабар со 1.074 триумфи, додека Џејмс се наоѓа на второто место со 1.041 победа.
Истата вечер донесе и уште едно големо индивидуално достигнување. Кевин Дурент го престигна легендарниот Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци во НБА и се искачи на петтото место. Дурант постигна 27 поени во победата на Хјустон рокитс над Мајами хит (123-122).
ФОТО: X / @Lakers