Да се знае кој е најдобриот: Меси стигна до 900 гола побрзо од Роналдо (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси ноќеска го постигна својот 900. гол во кариерата, на дуелот против Нешвил во КОНКАКАФ Купот на шампионите.

Аргентинецот погоди во седмата минута од мечот и дојде до големиот јубилеј како втор фудбалер кому му успеало да ја мине оваа граница. Сепак, мора да се истакне дека до бројката од 900 гола во кариерата, Меси дојде со 38 години и девет месеци, додека Роналдо ја достигна со 39 години и седум месеци. Освен тоа, Аргентинецот дојде до јубилејот на дури 94 натпревари помалку отколку својот најголем ривал во кариерата.

 

 

Од овие 900 гола, Меси најмногу постигна за Барселона - 672. За аргентинската репрезентација има 115, за ПСЖ 32, а за Интер Мајами 81. Неговата кариера трае безмалку 22 години и досега освои се што можеше и е фудбалер со најмногу трофеи во историјата на фудбалот.

Сепак, неговиот голем јубилеј делумно беше засенет од елиминацијата на Интер Мајами кој одигра само 1-1 со Нешвил и го заврши својот настап во Купот на шампионите. На првиот меч немаше голови, а во КОНКАКАФ зоната се уште важи правилото за гол на гости, па тимот од Тенеси.