Бруно Фернандес собори рекорд на Бекам, стар 26 години
Во вчерашниот триумф против Астон Вила со 3-1, тој не постигна ниеден гол, но испиша нова страница во историјата на Манчестер Јунајтед. На тој меч Португалецот стигна до 16. асистенција оваа сезона во Премиер лигата со што стана најуспешен играч во оваа статистичка категорија во постоењето на клубот.
Досегашниот рекорд од 15 асистенции го држеше Дејвид Бекам, а важеше неверојатни 26 години.