Ѓоковиќ скапо ќе го плати неиграњето во Мајами

Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами откако вчера одлучи да се повлече поради повреда.

Во Индијан Велс беше јасно дека српскиот тенисер не е физички подготвен. Не само што зборуваше за проблеми со стомакот и дишењето по натпреварот против Џек Дрејпер, туку носеше и завој на десната рака за време на турнирот и постојано се жалеше на тимот за извршувањето на неговиот сервис. Повредата на десното рамо е и официјалната причина зошто нема да се натпреварува во Мајами - на турнирот што го освои шест пати и на кој минатата година стигна до финалето.

Откажувањето од турнирот во Флорида ќе има импликации и на неговиот пласман на АТП листата. На најновиот ранкинг, објавен денеска Ѓоковиќ има 5.370 поени,а на четвртото место е Александар Зверев со 4.905. По Мајами, српскиот тенисер сигурно ќе ги изгуби 650. поени што ги заработи од пласманот во финалето минатата сезона, а Зверев брани само 100 поени, па дури и да не го повтори ланскиот резултат, германскиот тенисер ќе биде на третото место за две недели.

Исто така, постои можност Ѓоковиќ да падне уште повеќе, во зависност од резултатите што ќе ги постигнат другите играчи, особено Лоренцо Музети кој би заостанувал околу 400 бода.