Фудбалска тепачка на векот: Хулк удри бокс од зад грб – поделени 23 црвени картони (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во Бразил донесе сцени какви ретко се гледаат и во најжешките дербија, откако натпреварот меѓу Крузеиро и Атлетико Минеиро се претвори во огромен хаос по масовната тепачка меѓу фудбалерите која го обиколи светот.

Инцидентот започна во последните секунди од натпреварот, кога домашниот фудбалер Кристијан грубо стартуваше врз противничкиот голман Еверсон. Чуварот на мрежата реагираше бурно – го нагази противникот и го удри, што беше сигнал за целосен хаос на теренот. За само неколку моменти избувна масовна тепачка. Играчите меѓусебно се удираа со раце и нозе, а ситуацијата целосно излезе од контрола. Никој на теренот не успеа да ги смири страстите.

Меѓу најагресивните беше искусниот напаѓач на Атлетико, Хулк. Во еден момент тој го удри Лукас Ромеро одзади со тупаница, но набрзо и самиот се најде среде пресметката и прими неколку удари. Голема улога во инцидентот имаше и Лјанко Војновиќ, кој влезе во конфликтот од клупата и се приклучи во физичката пресметка со противничките фудбалери.

По натпреварот следуваа и жестоки санкции – дисциплинската комисија накнадно додели дури 23 црвени картони за учесниците во инцидентот.