Барселона го исмејуваше Гризман, но Французинот ги дочека своите „пет минути“ (ФОТО)

Барселона синоќа славеше против Атлетико Мадрид со 3-0, но беше елиминирана поради поразот од 0-4 во првиот меч од полуфиналето во Копа Дел Реј, по што свои „пет минути“ имаше францускиот фудбалер Антоан Гризман.

Барселона во март минатата година го исмејуваше Гризман, откако еден месец претходно го совлада Атлетико Мадрид, но сега Французинот ја дочека својата шанса за одмазда и објави брутална фотографија.


Фото: Atletico Madrid/Facebook