Мурати со право бил исклучен - плукнал фудбалер на Вардар! (ВИДЕО)

Бурна завршница имаше денешниот натпревар помеѓу Вардар и Башкими кој заврши со победа на домашниот состав од 1-0.

Во самата завршница од дуелот дојде до прекин откако судијата Бенјамин Керими му покажа црвен картон на Реџеп Мурати од гостинскиот состав. Во ТВ преносот не можеше да се забележи зошто Мурати беше искалучен, па веднаш по дуелот стигна објаснување од ФФМ.

Имено, Мурати во мешаницата која претходела на црвениот картон реагирал крајно неспортски и плукнал противнички фудбалер. Керими кој беше во близина тоа и го забележал, па затоа го испратил предвреме во соблекувалната.

„Главниот судија се наоѓаше на оддалеченост од околу еден метар од настанот, јасно го забележа плукањето и без двоумење правилно покажа директен црвен картон. Ова крајно неспортско однесување беше потврдено и од ВАР-судиите, врз основа на јасен видео-доказ од моментот на инцидентот“, објаснија од ФФМ.

ФФМ појаснува и дека во продолжение исклученото служебено лице од клупата на Башкими имал расправија со Бобан Николов на теренот. Од федерацијата потенцираат дека ваквото однесување е исто така крајно неспортско и недозволиво.

Потоа, претходно исклученото службено лице од клупата на ФК Башкими недозволено влезе во теренот за игра, провоцирајќи и започнувајќи конфронтација со активниот играч на ФК Вардар, Бобан Николов. Ваквото однесување е крајно неспортско и недозволиво, особено имајќи предвид дека лицето беше исклучено во првото полувреме и во никој случај не смееше да влезе на теренот.

Причината за конфронтацијата и исклучувањето произлегува исклучиво од недозволивото однесување на играчот со бр. 3, кој плукна кон судијата, како и од недозволеното влегување на исклученото службено лице на теренот, кое започна конфронтација со играчот на ФК Вардар, Бобан Николов, кој потоа оправдано беше дисциплински санкциониран со жолт картон.

Видео од моментот на плукањето на Реџипи може да погледнете - ТУКА.