Голем гест на Комити: На аукција купија дрес на легенда на Осогово, парите одат во хуманитарни цели!

Денеска во Кочани се игра ревијален натпревар меѓу Осогово и Вардар, а на полувремето, на стадионот Никола Мантов во Кочани, беше организирана хуманитарна акција во чии рамки, на аукција беше ставен дрес на актуелен фудбалер на домашниот клуб.

Станува збор за Стојанче Велинов кој минатиот месец се врати од Осогово, а се лицитираше за неговиот дрес од деновите поминати во Академија Пандев со кој триумфираше во Купот на Македонија. Најголема сума понуди навивачката група Комити која го откупи дресот за 23 илјади денари, а парите ќе бидат донирани за спомен обележје на настраданите во големата несреќа која се случи дискотеката Пулс, во март минатата година.

Потегот на Комити наиде на воодушевување на домашните навивачи од полната трибина на стадионот кои со громогласен аплауз ја поздравија акцијата. Посебно за поздравување е и тоа што „Комити“ по завршувањето на аукцијата, иако го добија дресот, сепак го оставија на човекот кој влезе во битка со нив.