СКАНДАЛ: МОК на пет дена пред стартот тајно смени еден од учесниците на ЗОИ 2026!
Изминатиов период како сигурен македонски претставник во алпско скијање беше презентиран Мирко Лазаревски, кој се наоѓаше на официјалниот промотивен материјал како и на официјалните канали на МОК. Но, на денешната прес-конференција него изненадувачки го немаше, а како учесник во велеслаломската, а ако место и во слаломската трка, беше промовиран Виктор Петров. Изненадувањето е што Даниел Димевски, кој од позиција на претседател на Куќата на олимпизмот ја претстави македонската олимписки екипи не кажа ниту еден збор зошто во последен момент дошло да ваква промена.

Ова е само уште една потврда на отсуството на транспарентност кај предводниците на МОК, кои воопшто не најдоа за сходно официјално да соопштат зошто веќе најавениот олимпиец во последен момент го менуваат со друг. Дали е тоа по нивна вина, или по вина на спортистот и неговиот тим е нешто што Димевски и соработниците имаат обврска најитно што може да ѝ образложат на спортската јавност во државата.
Од спортскиот дел, Ставре Јада е најискусен од нашите претставници, за него ова ќе биде трета Олимпијада по Пјонг Чанг во 2018 и Пекинг во 2022 година и ќе настапи во крос-кантри нордиската дисциплина.
„Сакам да изразам благодарност до МОК и мојата матична федерација, скијачката за тоа што веруваат во моите можности. За мене ова ќе биде трета Олимпијада во низа, вложивме многу за да дојдеме до овој трет настап. На оваа Олмпијада одам со цел да постигнам најдобар резултат кој еден нордиец го постигнал за нашата држава. Се надевам на крајот ќе ја претставам, Македонија во најдобро светло и ќе бидам рамо до рамо со најдобрите“.

Ана Цветановска дебитираше во Пекинг, па за неа ова ќе биде втора Олимпијада. Таа беше нашата единствена претставничка на Светското првенство во Трондхејм во нордиско трчање и ја потврди формата со 5-то место на силниот Балкански куп.
„Чест ми е што присуствувам на овој настан и што ќе сум дел од олимпискиот тим. Долгорочноста во овој спорт и интегритетот на нашата работа ќе се обидеме да ги нагласиме на овие Олимписки игри и да се претставиме во најдобро светло“.
Младата Јана Атанасовска го држи рекордот за најдобар остварен резултат во историја на македонското алпско скијање во женска категорија со освоени 30,56 ФИС точки.
„За мене ова е голем успех. Настапот на Олимписките игри не е само остварување на сонот на едно младо девојче, туку и голем чекор во мојаа кариера. Одам таму максимално подготвена и верувам ќе ја пренесам формата од тренинзите на патката“.
Четвриот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во ова одбрано друштво.
„Се надевам дека ќе ја претставам Македонија во најдобро светло, ќе го дадам својот максимум. Норматта ја исполнивме и сега останува да дадеме е од себе во Кортина“.