Во Рајо бесни поради судењето против Реал: Со вас секогаш е иста приказна!
Како што е познато, натпреварот беше решен во 99. минута, кога судијата Дијас де Мера досуди пенал за Реал Мадрид, а Килијан Мбапе го претвори во победнички гол. Спорната одлука и тешките зборови што следуваа по мечот би можеле скапо да го чинат гостинскиот тим, пишува „Марка“.
Судијата во официјалниот записник ги внел навредите што по натпреварот му ги упатил Давид Кобењо, спортскиот директор на Рајо Ваљекано. Според судискиот извештај, Кобењо на пат кон соблекувалните во повеќе наврати им викал на судиите: „Секој натпревар иста приказна со вас“.
Инцидентот продолжил и подоцна.
„Кога четвртиот судија влегуваше во просторот на соблекувалните, Кобењо му се обрати со викање и ги навредувал со пцовки. Овие настани се случија во присуство на делегатот на натпреварот“, стои во записникот.
Тренерот на Рајо Ваљекано, Ињиго Перес, на прес-конференцијата одби да го коментира судењето. За разлика од него, фудбалерот Пеп Чаварија, кој на натпреварот доби црвен картон, не ја криеше фрустрацијата на социјалните мрежи.
„Ова е еден од најтажните денови откако излегувам на терен. Оваа екипа заслужува почит. Благодарам на навивачите на Рајо, ќе продолжиме да се бориме против сè и сите. Бог е праведен и сè гледа“, порача Чаварија.