Роналдо направил хаос во С. Арабија - нема да игра за Ал Наср против Ријад!
Дербито меѓу ривалите ќе помине без најголемата ѕвезда, откако Роналдо испратил јасна порака до управата на Ал Наср дека не е задоволен.
Незадоволството на Роналдо е поради Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, односно нивниот однос кон Ал Наср во однос на останатите ривали во лигата.
Роналдо кажал дека Јавниот инвестициски фонд повеќе се вложува за останатите екипи и затоа решил да го бојкотира дербито со што ги шокирал сите во Ал Наср.