Црвена Звезда ќе се судри со Лил, а Динамо Загреб ќе се пресмета против Генк

Денеска беше одржана и ждрепката за нокаут-фазата во Лигата на Европа, каде што беа одредени уште неколку интересни дуели.

Црвена Звезда ќе има тежок ривал во плејофот, односно ќе се соочи против Лил, додека хрватскиот гигант Динамо Загреб го чека меч против Генк.

Натпреварите ќе се играат на 19 и 26 февруари во оваа рунда од Лигата на Европа.

Парови нокаут-фаза во Лига Европа:

Динамо Загреб – Генк
Лил – Црвена Звезда
Бран – Болоња
Фенербахче – Нотингем Форест
Селтик – Штутгарт
ПАОК – Селта
Панатинаикос – Викторија Плзен
Лудогорец – Ференцварош

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda