Бенфика повторно ќе игра против Реал, ПСЖ ќе се соочи со Монако (ФОТО)

Денеска беше одржана ждрепката за плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ) за тимовите кои заврија од деветто до 24. место во лигашката фаза.

Интересно е тоа што повторно ќе се соочат Бенфика и Реал Мадрид, откако пред неколку дена португалскиот тим со голот на голманот Трубин успеа да ги шокира „кралевите“ и да ги исфрли од топ-8 на табелата.

Првите натпревари се закажани за 17 и 18 февруари, додека реваншите се на програмата на 24 и 25 февруари.

Плејоф-рунда:

Бенфика – Реал Мадрид
Бодо/Глимт – Интер
Монако – ПСЖ
Карабах – Њукасл
Галатасарај – Јувентус
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Аталанта
Олимпијакос – Баер Леверкузен

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica