Хрватите бесни: Ракометарите пред полуфиналето спиеле во автобус!

Европското првенство во ракомет стигна до полуфиналето, а пред полуфиналните натпевари пристигнуваат скандалозни сцени од ракометарите на Хрватска.

Имено, Хрватска ќе биде единствената репрезентација која нема да е сместена во Хернинг и ќе престојува во Силкеборг од каде што ќе патува 40 километри до салата каде што се играат натпреварите. Данска, Исланд и Германија ќе бидат сместени во градот каде што ќе се играат полуфинаалите пресметки.

На сето тоа по победата над Унгарија, Хрватска морала да патува пет часа со автобус од Малме до Хернинг каде што пристигна на еден ден пред полуфиналето.

„Патувањето беше напорно, некои играчи буквално спијеа на подот од автобусот од што беа исцрпени, споед многумина организацијата на турнирот е исклучително лоша“, пишпува проталот „Гол.хр“.

Полуфиналето Хрватска го игра в петок од 17:45 чаасот, а поради ситуацијата во која се најде неговата репрезентација, хрватскиот селекто Дагур Сигурдсон одлучи да ја бојкотира редовната прес-конференција.