Сабаленка моќно до финалето на Австралија опен!

Арина Сабаленка рутински во два сета ја совлада Елина Свитолина и се пласираше во финалето на Австралија опен.

Сабаленка уште еднаш покажа зошто е најдобра тенисерка во светот во овој момент. Белорусинката одигра речиси совршен меч и дојде до победа која ја однесе во финалето.

Арина првиот сет го доби со 6-2. Во вториот Свитолина тргна одлично, поведе со 2-0, но потоа следуваше серија на првата носителка која беше подобра во овој сет со 6-3 и за победа.

Сабаленка во финалето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Пегула и Рибакина.