Велковски се враќа во Вардар, пристигнува и засилување од Србија!

ФК Вардар на социјалните мрежи објави дека во текот на денот ќе ги официјализира трансферите на Дарко Велковски и српскиот офанзивен фудбалер Стефан Цветковиќ.

Вардар потврди дека е постигнат договор со Дарко Велковски и Стефан Цветковиќ, а во текот на денот соработката треба да се официјализира.

Велковски во Вардар доаѓа како слободен играч откако ја раскина соработката со босанскиот тим, Зрински.

30-годишниот Велковски за Вардар играше од 2015 до 2018 година, од каде замина за Ријека, а во странство играше и за Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски.

Денеска потпис со Вардар ќе стави и 28-годишниот Стефан Цветковиќ кој доаѓа од екипата на Железничар Панчево. Се работи за офанзивен фудбалер по левата страна.

Цветковиќ бил супер талент на Црвена звезда, а во Србија играл за неколку екипи, Графичар, Бачка Топола, Металац, Раднички Ниш, во странство настапувал за РФС Рига.

Во овој преоден рок Цветковиќ имал понуда и од Сараево, но се одлучил за Вардар.

Покрај овие две засилувања, до крајот на неделава Вардар ќе потпише со уште двајца нови фудбалери.