Манчестер сити со два гола го реши најлошиот тим во лигата (ВИДЕО)

Англискиот гигант Манчестер сити немаше тешка задача против најлошиот тим во Премиер лигата, Вулвс (2-0) и со тоа ја намали негативата зад Арсенал на четири поени.

Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Омар Мармуш во шестата минута и Антоан Семењо во судиското надополнување на првото полувреме.

Вулвс се разигра во вториот дел и дури девет пати се закани кон голот на домаќините, но не искористи ниту една од шансите.

На останатите натпревари, Барнли и Тотнем одиграа 2-2, додека Фулам го совлада Брајтон со 2-1.

Standings provided by Sofascore