Ѓоковиќ е прв тенисер во историјата со 400 Гренд слем победи!
Со тоа, Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата со 400 победи на Гренд Слем турнири. Зад него се Федерер со 369, Надал со 314, Конорс со 233 и Агаси со 224. Ван де Зандшулп го изненади Ѓоковиќ на турнирот АТП Мастерс 1000 во Индијан Велс минатата година, израмнувајќи на 1-1, но 30-годишниот Холанѓанец, кој е рангиран на 75. место на АТП ранг-листата, сега немаше шанси против еден од најдобрите тенисери во историјата.
Јубилејниот триумф е еден рекорд на Ѓоковиќ, во неговиот 21. настап на Австралија Опен, кој го освои рекордни 10 пати. Меѓу другото, денеска се израмни со Роџер Федерер со 102 победи на Австралија Опен, а за да постави нов рекорд и во тој сегмент, ќе треба во осминафиналето да го победи подобриот од дуелот меѓу Меншик и Квин кој се игра во моментов.
Денеска на теренот остана 2 часа и 46 минути, во првите два сета немаше поголеми проблеми, но во третиот мораше да игра тајбрејк. Чудна беше нервозата што се вовлече во него, но и покрај тоа се уште е без загубен сет на Австралија Опен.