На Ѓоковиќ пак му се „споија жичките“ - за малку ќе беше дисквалификуван (ВИДЕО)
Во вториот сет од денешниот дуел против Ван де Зандшулп од Холандија, Новак се изнервира од еден загубен поен и луто ја удри топката кога играта веќе беше завршена. Таа заврши неколку сантиметри од девојче задолжено за собирање на топчињата кое, за среќа, навреме ја забележа опасноста и се потргна.
Ако топчето некако завршеше во нејзиното тело или во главата, тоа бездруго ќе значеше дисквалификација на Ѓоковиќ, без разлика што очигледно немаше намера да предизвика инцидент и веднаш му се извини на девојчето.