Потоп во Анталија, македонските екипи не можат да одржат нормални подготовки!

Деновиве во Анталија има интензивен дожд кој врне непрекинато и им создава проблеми на екипите кои се подготвуваат за вториот дел од сезоната.

Неколку македонски екипи подготовките ги одржуваат во турскиот туристички центар, но условите се далеку од идеални.

Анталија е под интензивни врнежи од дожд кои нема да престанат во наредните денови.  Натпреварот помеѓу Вардар - Мотор веќе е одложен.

Покрај Вардар во Анталија во овој момент се уште: Силекс, Шкендија, Струга, Пелистер, Тиквеш...