Четворица спортисти сo „норма“ ќе ја бранат честа на Македонија на ЗОИ во Кортина!
Во нордиско скијање ќе имаме претставници во спринт и во трката на 10 километри со интервален старт. Во женска конкуренција ќе настапи Ана Цветановска, додека кај мажите ќе се натпреварува Ставре Јада. Во алпско скијање, македонските бои ќе ги бранат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски, кои ќе настапат во слалом и велеслалом.
Од Македонски олимписки комитет потврдија дека целиот тим е подготвен за олимпискиот предизвик и дека очекувањата се насочени кон достојни настапи и собирање драгоцено искуство на најголемата светска спортска сцена. Во наредните денови ќе бидат прецизирани и официјалните термини за настапите на македонските олимпијци на ЗОИ.