Лазаров направи една промена за мечот против Романија (ФОТО)
Селекторот Кире Лазаров направи една принудна промена, односно на местото на повредениот Петар Атанасијевиќ се најде Гоце Ојлески кој беше дополнително повикан за настап.
Исто така, во составот се наоѓа и Иван Џонов кој се опорави од повредата и ќе може да ѝ помогне на Македонија.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра од 18 часот.
