Нов момент од контроверзното финале: Мароко може да добие службена победа?!

Финалето на Африканскиот Куп на Нации и понатаму е тема во медиумите, а според последните информации исходот би можел да биде променет.

Имено, како што е познато, Сенегал по продолженија победи со 1-0, меѓутоа вистински хаос се случуваше во финишот од регуларниот дел. Тогаш Сенегалците незадоволни од судењето и пеналот кој го доби Мароко прво го напуштија теренот, а потоа на инсистирање на Садио Мане се вратија. 

Брахим Дијаз на крајот го промаши пеналот, натпреварот отиде во продолженија каде што Сенегал беше подобар. Но, ако медиумите потсетуваат и дека, ако правилата се почитуваат, тогаш Сенегал треба да биде дисквалификуван.

„Ако се појави ситуација каде тим се повлекува од натпревар или не се појави на средба, освен во случаи прифатени од Организацискиот комитет, одбие да игра или го напушти теренот пред крајот на регуларниот дел без дозвола на судијата, ќе се смета за поразен и ќе биде дисквалификуван од натпреварување“, стои во правилникот на Африканската фудбаалска конфедерација.

Засега реакција нема, Сенегал се врати дома каде штоо беше пречекан од голем број навивачи кои изглегоа да на ја прослават втората ваква титулата во историјата. Сепак, не е исклучена можноста да дојде до пресврт.