Барселона загуби од Сосиедад во натпревар во кој ѝ беа поништени три гола и пенал (ВИДЕО)
Сосиедад во овој натпревар славеше со головите на Микел Ојарзабал и Гонкало Гедеш, додека единствениот погодок за Барселона го постигна Маркус Рашфорд.
По овој пораз, во натпревар во кој Барселона ѝ беа поништувани три гола и еден пенал, каталонската екипа останува лидер во шпанското првенство со 49 бода, само еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Реал Сосиедад со победата скокна од 12. на осмото место со 24 освоени бода.
Единствениот признат погодок во првото полувреме го постигна Ојарзабал во 32. минута, откако Гедеш од десното крило центрираше, а шпанскиот напаѓач со волеј ја затресе мрежата за 1-0. Барселона во финишот од првото полувреме доби пенал, но беше поништен по преглед на ВАР.
Во второто полувреме, Дани Олмо во 48. минута се најде во одлична прилика, но сепак погоди стативата. Барселона израмни во 70. минута, Јамал од десната страна центрираше, а Рашфорд со глава стрелаше за 1-1.
Сепак, радоста на гостите траеше кратко, бидејќи Реал Сосиедад повторно поведе само минута подоцна кога погоди Гедеш за победа на домаќините.