Кузмановски: Утре да одиграме во наш стил, имаме квалитет и веруваме дека можеме!

Македонија вчера претрпе пораз од Данска во првиот натпревар на Европското првенство, а следен предизвик за ракометарите е Португалија со која играме веќе утре.

Португалија е силна селекција, а според капитенот Филип Кузмановски играат ракомет сличен на Данците, а како клучен период го посочи и почетокот на натпреварот.

„Како што кажав и вчера, можеби натпреварот Данска го отворивме во грч, како прв натпревар на ова првенство. Португваалија е слична на Данска со таа транзација, брз центар и индивидуални играчи. Против една таква голема селекција, мораме добро да го отвориме натпреварот и 60 минути да се бориме. Во овие 20 дена подготовки знаевме дека Данска, секако е прв фаворит за првото место, а за нас шанса за пласман во следната фаза се натпреварите со Португалија и Романија кои мораме да ги победиме, ако сакаме да се пласираме.

Aко играме борбено и како тим 60 минути, Кузмановски верува дека можеме до успех.

„Веруваме дека можеме со Португалија, мораме да бидеме како тим и без респект да влеземе во натпреварот. Треба да одиграме 60 минути во наш препознатлив стил и да се бориме до крај. Можеби не веруваат многу дека можеме да поминеме,  но ние знаеме дека имаме квалитет.

Ќе се потрудиме да имаме помалку технички грешки, кога ќе биде фокусот на нашата одрбана, психички исто делува. Мораме да направиме да им биде тешко и со нашата одбрана да им парираме на вистински начин“, изјави Кузмановски.

Натпреварот против Португалија е закажан за утре во терминот од 18:00 часот.