Работнички се засили со Србин кој играл и во Емполи

Eкипата на Работнички го доведе и третото засилување во овој преоден рок, Никола Пејовиќ кој пристигнува да ја засили одбранатана тимот.

Српскиот интеренационалец кој има 27 години може да игра како стопер или десен бек, а негов последен клуб беше Борац Бања Лука.

Но, зад себе има големо искуство и тоа во:  Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе и Земун.

Пред него клубот од Дебар Маало во текот на вчерашниот ден ги претстави, Сухел Муареми и Зија Мерани.

Во пролетниот дел од сезоната за Работнички следи тешка битка за опстанок бидејќи тимот се наоѓа на претпоследното место со само седум освоени бодови во 16 натпревари.